[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]
Повеќе од 70 проценти од британците не им веруваат на медиумите, бидејќи веруваат дека медиумите го ставаат профитот пред веродостојноста, известува Presstv.ir.
Според анкетата на Ипсос/МОРИ, која вклучи 1,018 британци, само 21 процент велат дека им веруваат на британските медиуми и новинари, а седум проценти велат дека не се сигурни.
Новинарот Тони Гослинг во интервју вели дека за граѓанската недоверба виновни се постарите медиумски работници, бидејќи „милионерите ги употребуваат нивните финални текстови за да ја контролираат нивната политичка линија“. Гослинг укажа дека на сопствениците како Руперт Мурдок им е лесно да вработуваат новинари кои ги поддржуваат нивните ставови и да ги отпуштаат оние кои не ги поддржуваат.
„Во моментов, го имаме претседателот на Би-Би-Си Крис Патон. Тој е поранешен претседател на кабинетот на Конзервативната партија. Мислам дека не треба луѓе со такви политички стремежи да го водат Би-Би-Си“, вели тој.