2012 година е една од најлошите по бројот на загинати новинари

Од:

Годината што изминува е една од најлошите по бројот на загинати новинари ширум светот, соопшти денеска Комитетот за заштита на новинари, наведувајќи дека до средината на декември најмалку 67 вработени во медиумите загинале време на известувањето.

– Со 67 новинари чија смрт беше директно поврзана со нивната работа, 2012 година е една од најсмртоносните откако Комитетот почна да води детални извештаи од 1992 година, објави невладината организација со седиште во Њујорк.

Според овогодинешниот извештај, бројот на жртвите е зголемен за 42 отсто во однос на минатата година, пред се, поради судирите во Сирија, Сомалија, Пакистан и убиствата на новинарите во Бразил.

Најлоша година по бројот на убиени новинари беше 2009 година, кога настрадаа 74 медиумски соработници, од кои речиси половина во масакрот на Филипините.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on