До 20 март протераните руски дипломати треба да ја напуштат Велика Британија

Од:

Руските дипломати кои се на списокот за протерување од Велика Британија ќе мора да ја напуштат таа држава на 20 март, изјави рускиот амбасадор во Лондон Александар Јаковенко.

– Ќе заминат во вторник, изјави Јаковенко. Тој појасни дека заедно со семејствата, бројот на руски граѓани кои ќе ја напуштат Велика Британија ќе биде околу 80.

Пред два дена, британската премиерка Тереза Меј соопшти дека поради нападот со нервен гас врз поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија протерува 23 руски дипломати.

Како реакција на британските санкции, Москва ќе возврати со реципрочна мерка- протерување на британски дипломати.

– Секако дека тоа ќе го сториме, одговори денеска министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на новинарското прашање: дали Русија ќе протера британски дипломати.

Лавров не сакаше да даде натамошни детали за тоа.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера соопшти дека за интензитетот на одговорот конечната одлука ќе ја има претседателот Владимир Путин. Британскиот министер за надвопрешни работи Борис Џонсон денеска изјави дека одлуката за нападот на Скрипал најверојатно ја донел лично Путин.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје