18 лица се повредени во пожар во Германија, меѓу кои пет деца

Од:

Во пожар што избувна во станбена зграда во Гелзенкирхен, Германија, повредени се 18 лица, меѓу кои пет деца.

Еден од повредените е во животно загрозувачка состојба, пренесува германски Билд.

Пожарот избувнал во зграда во која живееле нешто повеќе од 20 луѓе.

Првиот итен повик дојде синоќа во 20 часот и 55 минути, а на местото на несреќата се испратени повеќе од 50 возила на брза помош.

Многу жители успеале да побегнат, додека други биле спасени од пожарникарите.

Во моментов властите ги истражуваат причините за пожарот.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година до денес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

Пожар во Ниш, едно лице загина, повреден е пожарникар