Најмалку 16 лица загинаа, а околу 26 се ранети во експлозија на автобус, кој превезувал службеници во пакистанскиот град Пешавар.
Се претпоставува дека кон автобусот била приклучена четири килограмска рачно изработена бомба.
Бомбата експлодирала во трговскиот кварт Садр, во момент кога во автобусот се качувале државни службеници, кои требало да бидат однесени до нивните работни места.