16 тешко повредени по експлозија во магацин на Министерството за одбрана на Узбекистан

Од:

Експлозијата одекна во саботата наутро во магацин на Министерството за одбрана на Узбекистан во регионот Сирдарја. Од експлозијата и детонацијата оштетени се повеќе од 3.700 станбени и други објекти.

„Населените центри во околината на воената единица се целосно затворени. Истрагата покажа дека делумно се оштетени 3.742 станбени и други објекти на покривот, греди, прозорци и врати“, се вели во соопштението на управата на регионот Сирдарја, пренесе агенцијата ТАС С.

Министерството за здравство вчера соопшти дека 16 лица се повредени, од кои четворица се хоспитализирани во експлозијата во магацинот на Министерството за одбрана.

Министерството за одбрана соопшти дека на 22 октомври во 4:55 часот по локално време дошло до експлозија во воен магацин во селото Малик во регионот Сирдарја и дека инцидентот е под истрага.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

Експлозија во семеен дом во Скопје, малолетник со изгореници завршиле во болница

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Најмалку 10 лица се повредени во експлозија во Турција