16 лица се убиени во руските напади врз Киев и Днепар

Од:

Бројот на жртви од рускиот напад врз градот Днепар се искачи на 11, вклучувајќи две деца, изјави вчера началникот на Воената администрација на Днепар, Олександр Ханжа. Во Киев пак загинаа пет лица, а 64 беа ранети, според информациите објавени на Телеграм од градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. 37 цивили беа повредени во Днепар.

Руските сили извршија масовен комбиниран напад врз Украина, користејќи беспилотни летала, како и ракети од различни видови лансирани од воздух, море и копно.

Руското Министерство за одбрана објави дека, како одговор на „терористичките напади во Киев“, руските вооружени сили започнаа масовен напад врз објектите на одбранбената индустрија. Според извештајот, погодени се објекти во Киев, Запорожје, Харков и Днепропетровск, кои се контролирани од украинските вооружени сили, како и во Полтавскиот, Хмелницкиот и Сумискиот регион.

Би можело да ве интересира

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците

Русија погоди воз непосредно откако по пругата поминаа поранешниот британски премиер и високи европски претставници

Предраг Петровиќ

Трамп: „Зеленски, престани“

Се урна мал авион во Русија – има двајца загинати

А1он

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

Песков: Литванија ќе биде мета доколку распореди нуклеарно оружје

Горан Наумовски