15.000 крокодили побегнаа од фарма во Jужна Aфрика

Од:

Околу 15.000 крокодили избегаа од една фарма за одгледување на овие животни во Јужна Африка, јавуваат локалните медиуми.

Инцидентот се случи во северозапaдните делови од земјата, што се зафатени од поројни дождови и големи поплави.

Сопственикот на фармата изјави дека морал да ги отвори влезовите за да не дојде до уривање на фармата, што била поплавена од надојдените води на реката Лимпопо.

Во поплавите само во оваа провинција досега се загинати десет лица, соопшти јужноафриканската полиција.

Многу од избегнатите крокодили биле вратени во фармата, но повеќе од половината се водат како загубени.

Фармерите тврдат дека најголем број од избеганите крокодили сега се кријат по грмовите околу реката и во водите на реката Лимпопо, втора по големина во Јужна Африка.

Фармата важи за туристичка локација и сврталиште за странски и домашни туристи. Нејзината локација се наоѓа во близина на границата со Боцвана.

Би можело да ве интересира

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

Орце Костов

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Обвинители тврдат дека поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати

Ана Ололовска

Место со вакцината на „АстраЗенека“ ЈАР ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон& Џонсон“

Ана Ололовска