13 загинати во бомбашки напад во авганистанската провинција Хелманд

Од:

Најмалку 13 лица се убиени, а десетици се повредени, во синоќешниот напад што беше извршен со автомобил-бомба во јужната авганистанската провинција Хелманд, соопштија локалните безбедносните сили.

Нападот бил извршен врз едно воено возило во областа Нава, каде во изминатите недели се водеа тешки борби.

Во соопштението се вели дека жртвите се главно припадници на воените сили на Авганистан, но оти меѓу нив има и цивили.

Нападот се случи само еден месец откако властите во Кабул соопштија дека авганистанските сили повторно под своја контрола ја ставиле областа Нава, што пред тоа беше заземена од талибанците.

Се тврди дека 19 лица се повредени во оваа експлозија што се случила во близинта на пазарот во провинцијата Хелманд, извести канцеларијата на гувернерот на провинцијата.

Сите жртви биле пренесени во болницата во главниот град на оваа јужна провинција во Авганистан, каде се водат најмногу борби.

Се уште не е потврдено кој стои зад овој напад.

Ексползијата се случи само неколку денови по нападот што беше извршен со автомобил-бомба, поставен близу до главниот штаб на полицијата во Лашкар Гах.

Во истиот град, во јуни годинава, десетици лица беа убиени кога слична експлозија беше изведена пред Централната банка.

Авганистанските бунтовнички талибанци, подоцна, ја презедоа одговорноста за нападот врз банката.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан