12 загинати во напад во близина на авганистанското Министерство за одбрана

Од:

Најмалку 12 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во близина на авганистанското Министерство за одбрана во Кабул, соопшти авганистанската Влада.

Портпаролот на Владата изјави за Би-Би-Си дека десет од убиените се цивили, а осум лица се повредени во нападот.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

Претходно денеска во напад во близина на пазар во источната авганистанска провинција Кунар, загинаа 11 лица, а 40 беа ранети.

– Бомбашот самоубиец возел мотор, а потоа се разнел на пазарот во Асадабади, главниот град на провинцијата, при што 11 лица загинаа, а повеќе од 40 се ранети, изјави портпаролот на гувернерот  на провинцијата Кунар.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан