11 убиени при напад врз полициска станица во Пакистан

Од:

Единаесет лица загинаа, а 17 се повредени во бомбашки напад врз полициска станица во северозападен Пакистан, соопшти претставник на локалните власти, пренесува БТА.

Нападот беше извршен во близина на Пешавар, на патот што води кон соседен Авганистан. Се претпоставува дека е дело на терорист самоубиец. Меѓу жртвите има полицајци, цивили, вклучувајќи и едно дете.

Според дел од локалните медиуми, бројот на загинати е помал и изнесува пет лица, а над 20 се повредени.

За нападот се уште никој не ја презел одговорноста. Во овој дел на Пакистан дејствуваат и локални и странски вооружени исламистички групи, вклучувајќи пакистанските талибанци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица