Фејсбук најавуваше дека ќе ги наплатува по еден долар пораките кои ќе ги испраќате на луѓе кои не ви се пријатели, а на Цукерберг лично, ќе мора да платите 100 долари.
Со цел пораките на оние кои не се директно поврзани меѓусебе на оваа мрежа да завршуваат во инбокс, од компанијата на Цукерберг почнаа да тестираат наплатување на праќањето на такви пораки, а иако уште во декември кружеа гласини дека на некои од корисниците им се наплаќа по еден долар за праќање на пораки преку оваа мрежа, досега оваа цена не беше официјално потврдена.
Од Фејсбук претходно објавија дека оваа опција за наплата на пораки ја тестираат само во САД, така што, ако во меѓувреме оваа проба не се прошири и на другите пазари, Фејсбук нема да наплаќа за пораки до Цукерберг, на пример, на корисниците од Македонија и другите балкански земји.