100.000 лица дефилираа во Париз за поддршка на хомосексуалните бракови

Од:

Приврзаниците на хомосексуалните бракови се мобилизираа за време на викендов во Франција и одржаа повеќе собири за поддршка на законот, со кој се одобруваат хомосексуалните бракови ширум земјата. Централната манифестација се одржа во Париз, каде се собраа околу 100.000 лица.

Покрај невладините организации и здруженијата на хомосексуалците, на манифестацијата и се приклучија и дел од политичките партии од левицата, кои изминатиов период останаа малку настрана од „дебатата која се води на улиците“, каде се досега беа побројни манифестациите на противниците на хомосексуалните бракови.

Во Франција идејата за одобрување на хомосексуалните бракови добива поддршка од мнозинството на Французите, според испитувањата на јавното мислење, но затоа пак прашањето со кое ќе треба да им се дозволи да посовојуваат деца и да се подложуваат на вештачко оплодување предизвикува поделби во јавното мислење и ги надминува политичките ориентации.

Во Франција во моментов се води јавна дебата околу овие прашања, кои беа меѓу предизборните ветувања на претседателот Франсоа Оланд.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз