ВИДЕО: Драма пред бугарското собрание

Од:

Вечерва дојде до судири на демонстрантите и полицијата во Софија, при што неколкумина се повредени.

Демонстрантите го блокираа бугарскиот парламент и во 20 часот  не дозволија да излезат од него тројца министри кои учествуваа во работата на комисијата за буџетот. Освен нив беа блокирани и пратениците и околу 30 новинари кои два часа не можеа да излезат на ниеден од излезите на бугарскиот парламент.

Тензиите пораснаа кога со автобус имаше обид прво во 22 часот, а потоа околу 23 часот да се изнесат министрите, но неуспешно зашто масата се нафрли со камења на него,и се фрлаа на улица  пред автобусот, по што тој се повлече повторно во парламентот. Ни на полноќ автобусот не можеше да го напушти парламентот и да ги извлече министрите и пратениците.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветлин Јовчев кажа дека не сакаат да употребуваат сила, но и ги обвини демонстрантите дека не прават разлика меѓу новинари, пратеници и министри. Сите функционери останаа блокирани во парламентот, а демонстрантите не се повлекуваат од пред зградата.

Веќе 40 дена тие бараат оставка на бугарската влада, а турканиците со полицијата не престануваат цело време. Тие најавија дека нема да се повлечат од пред собраниската заграда.

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев ги повика демонстрантите мирно и цивилизирано да протестираат и да внимаваат каков впечаток ќе остават во Европа.

– За прв пат од почетокот на протестите сме сведоци на тензии и обиди за провокации. Апелирам на воздржаност од било какви активности кои ќе водат кон екслација на судирите и нарушување на јавниот ред и мир, соопшти Плевнелиев.

001 002 003 004 005 006 007 008 009 010 011 012 013 014 015 016 017 018

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски