(ВИДЕО) Земон: Со над 6000 амандмани мали се шансите да се донесат измените за една изборна единица

Од:

Пратеникот Рубин Земон еден од 17 пратеници, кои ги иницираа измените на изборниот законик, на прес конференција од Собранието, рече со илјадници амандмани, очигледна е намерата за блокада и мали се шансите да се смени организирањето на изборите од шест во една изборна единица. Уште ги повика ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да се откажат од блокадата и седнат на маса да дебатираат и донесат заедничко решение.

„Очигледна е намерата за блокада, со толкав број амандмани, не може да заврши расправата во комисиите. Амандманите се нелогични и нејасни и очигледно немаат намера да ги повлечат,затоа што ова не се одлуки на пратениците, туку политички одлуки. Ги повикуваме уште еднаш да седнеме на дебата и да ги донесеме измените затоа што според наши истражувања над 75 % се за една изборна единица”, рече Земон.

Тој рече дека нема информација дали и кога ќе почне амандманската расправа, додавајќи дека за тоа требало да одлучи претседателот на комисијата за политички систем Александар Кирацовски.

Уште еднаш потенцираше дека не се менува изборниот модел, кој останува пропорционален, туку начинот на организација на изборите од 6 во 1 изборна единица. Додаде и дека не е точно дека албанскиот блок ќе добиел помалку пратеници, туку со оваа идеја се очекува поголем број пратеници од етничките заедници.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Препораките од ОБСЕ/ОДИХР се вградени во Изборниот законик, вели Филков