(ВИДЕО) Врв на ароганцијата, Зеленски пцуе пред Трамп

Од:

На социјалната мрежа Икс е објавено видео од разговорот во Овалната соба, а во описот на истoто стои дека Зеленски пцуе пред Доналд Трамп и Џеј-Ди Венс.

Тој наводно изговори една од најпознатите украински пцовки „цука, бљат!“, што во превод значи „ајде, да ти е..м“.

Дебатата во Белата куќа е главна тема не само на „Волстрит журнал“ туку и на сите други светски медиуми.

Така, на пример, Си-Ен-Ен објави, повикувајќи се на извор во администрацијата, дека може да се случи односите меѓу Вашингтон и Киев по дискусијата на Зеленски со Трамп и Венс да не се обноват се додека тој е на власт.

„Тоа е катастрофа. Не е јасно како би можеле да се развиваат билатералните односи додека Зеленски е на власт, ако не најде начин да ги поправи работите“, изјави тој извор за американскиот ТВ канал.

Во Вашингтон, според телевизијата, очекуваат и Зеленски да ја напушти владата поради влошувањето на односите со САД.

„Њујорк тајмс“ наведува дека Трамп би можел да ја прекине не само директната, туку и индиректната воена помош за Украина по она што се случи.

„По спектаклот во Овалната соба, Трамп би можел да одлучи да ја прекине дури и индиректната поддршка на Киев, која вклучува и други видови воено финансирање, доставување разузнавачки податоци, обука на украински војници и пилоти и формирање на центар за повици во американската база во Германија“, пишува весникот.

„Њујорк пост“ пишува, повикувајќи се на неименуван висок американски функционер, дека Зеленски за време на разговорот во Белата куќа сакал да излезе како „кул тип“, но само ги навредил сите учесници во разговорот.

Британскиот „Економист“ пишува: „Кога Владимир Зеленски пристигна во Белата куќа на 28 февруари, односите меѓу Украина и Америка беа недефинирани и кревки. Во моментот кога тој замина, односите беа уништени“.

 

Би можело да ве интересира

Зеленски за меморандумот за примирје: Уште една руска измама!

А1он

Зеленски: Русија сака да ги користи заробените странци за да изврши притисок врз земјите

Путин одби средба со Зеленски и Трамп

Зеленски: Украина постигна договори со Германија за одбранбениот сектор

Зеленски предлага средба меѓу него, Трамп и Путин

Катерина Ѓуровски

Трамп: Путин си игра со оган

А1он