(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

Од:

Најмалку 22 лица загинаа денеска во Бразил во судир на камион и автобус кој се запали, соопштија локалните пожарникари.

На автобусот во кој имаше 45 патници му пукна гума, возачот изгуби контрола над возилото и се судри со камион што доаѓаше на автопатот кај градот Теофило Отони во провинцијата Минас Жераис. Пожарникарите соопштија дека од уништениот автобус спасиле 13 патници.

„Пожарникарите извлекоа 22 тела од автобусот, а другите жртви се уште треба да се извлечат“, изјави пожарникар Алонсо Виеира Јуниор.

Тој додаде дека е потребен кран за да се извлечат преостанатите жртви од другиот дел на автобусот, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Четворица повредени во сообраќајка во Кавадарци

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Сообраќајка на експресниот пат Штип, сообраќајот се пренасочува по магистрален пат Штип – Радовиш

Две жртви и еден тешко повреден во сообраќајка на влезот во Битола

ВИДЕО: Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани

Одложено повторното судење за Теодора Ристовска, која го загуби животот во сообраќајна несреќа