ВИДЕО: Турската полиција ги нападна демонстрантите на плоштадот Таксим

Од:

Турската полиција го нападна истанбулскиот плоштад Таксим и покрај уверувањата дека тоа нема да го стори, демонстрирајќи „намерна претстава за својата сила и моќ“, јавува Би-Би-Си повикајќи се на своите известувачи кои се наоѓаат на плоштадот.

Во нападот на демонстрантите кои се таму повеќе од две недели, специјалните единици на турската полиција употребија водени топови и солзавец, а некои демонстранти тврдат дека се користени и гумени куршуми.

Демонстрантите главно се повлекуваа пред налетот на турските специјалци, иако дел од нив се спротивставуваа фрлајќи камења и запаливи бомби.

Големи полициски сили, утринава со специјални автобуси беа доведени во реонот на плоштадот Таксим. Бројното присуство на специјалните полициски сили, опремени за борба со улични немири, беше објаснето со намерата да се „тргант плакатите и транспарентите“ на демонстрантите од споменикот на Кемал Ататурк и од културниот центар што го носи неговото име.

– Наша цел не се Таксим, паркот Гези, или протестот, тукусамо расчистувањето на транспарентите, изјави утринава гувернерот на Истанбул Хусеин Авни Мутли.

На плоштадот Таксим, по углед на каирскиот плоштад Тахрир, подлого време има камп населба од шатори и голем број антивладини транспаренти, како и плакати со одбрана на делото на Ататурк и со остри осуди на „самоволното“ владеење на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Многу од демонстрантите таму живеат и протестираат уште од 31 мај и првиот судир со полицијата.

Интервенцијата на полициските специјалци на Таксим доаѓа по вчерашното предупредување на премиерот дека „трпението на Владата (со демонстрантите) е пред крај“ и најавата дека Ердоган утре ќе се сретне со „водачите на протестите“.

Според Би-Би-Си, насилниот упад на плоштадот Таксим може да ги доведе во опасност планираните разговори за кои се веруваше дека може да придонесат за смирување на граѓанскиот бунт во Турција.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски