(ВИДЕО) Страв, солзи и жртви – моментот кога земјата најмногу се тресеше во Италија

Од:

Страв, солзи, неверување и жртви во едно мало место во Италија. Првиот земјотрес е регистриран во 3:36 по полноќ, а вториот кој траел една минута во 3:56, чиј епицентар бил токму во Аматриче. Земјата се тресеше 142 секунди. Подоцна, следуваа многу повеќе, но за јачината говорат и видеата снимени токму во моментот кога најмногу се тресеше земјата, пишуваат италијанските медиуми.

Аматриче од утрово е затворено за автомобили, пристап имаат единствено автомобилите за цивилна заштита: Полицијата, пожарникарите, амбулантните возила и војската. Останатите граѓани до местото можат да отидат само пеш. На улиците во Аматриче се гледаат остатоци од куќите, а се слуша вресок од луѓето чии најблиски се под рушевините.

– Бевме уплашени. Имаше силно тресење, гледавме единствено да си ги спасиме животите, се се случи многу брзо, земјотресот почна наеднаш да тресе, вели еден од жителите на Аматриче.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски