(ВИДЕО) Протест пред Владата: Итно да се одземе концесијата на Еуромакс за рудникот Иловица

Од:

Под мотото „Стоп за рудникот на смртта“, жители од струмичките села Иловица и Штука и граѓански активисти, протестираа пред Владата и побараа итно одземање на концесијата за отворање на рудникот на компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ .Како што велат тие нема да престанат да вршат притисок и ќе протестираат се додека владата не закаже седница на која ќе донесе одлука за одземање на концесијата. Жителите извикуваа “стоп за рудникот“, „рудници не сакаме“, „профитери назад“ со што порачаа дека нема да се откажат од намерата додека не се заврши постапката до крај.

„Јавно ја повикуваме владата да свика седница и да донесе одлука со која му се одзема концесијата на Еуромакс. Кога ќе ја видиме одлуката во Службен весник, тогаш ќе сметаме дека е завршена работата и тогаш ќе престанеме да вршиме јавен притисок. Во името на овие млади луѓе кои сакаат чист воздух, здрава животна средина и родна земја им порачуваме „Не за рудници- одземете ја концесијата веднаш “. Време за чекање нема, останува уште еден месец до техничка влада. Нашата порака е недовосмислена и јасна, други компромиси нема да правиме и нема да седиме мирни, додека не ја завршат работата што ја имаат започнато“, рече Стојан Велков активист од здружението „Еко-долина“

Жителите велат дека концесијата не е одземена, бидејќи концесионерот поднел тужба пред Управниот суд. Според нивни кажувања, концесионерот почнал да лобира меѓу луѓето да проработи рудникот, наговарајќи ги дека ќе се вработат жители од околните села. Затоа како што тврдат постапката за одземање на концесијата треба во најкус можен рок да се заврши.

“Да не сфати јавноста погерешно, но можно е да има немири дури и физички пресметки во селата Иловица и Штука. Рударското лоби е многу силно, одат на терен ги наговараат луѓето им ветуваат се и сешто. Не сакаме да се доведеме во ситација покрај по партиска книшка, сега да се караме и за еколошки проблем, за туѓи интереси. Доста се поделби, да застанеме сите зад нашиот интерес, да не станеме жртви на профитерските интереси“, додаде Костантин Ристоманов на проетстот пред Владата.

На протестот меѓу жителите од струмичките села, беа и пратеничките од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин кои застанаа зад нивните барања.

Би можело да ве интересира

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците