ВИДЕО: Со колички ќе излеземе на протест, ако нема пари за достоен живот, порачаа лицата со попреченост

Од:

Бранкица Димитровска од Здружението „Хендикеп“, на прес-конференција од пред Министерството за труд и социјална политика, порача дека лицата со попреченост, ќе протестираат ако треба секој ден со колички, доколку не се земат в предвид нивните барања, пред се подигање на висината помошта која се издвојува од буџетот.

„Има пари за сите само за лицата со хендикеп нема. Со 7000 денари месечно колку што предвидел предлагачот на законот, не може ниту половина од месечните трошоци да се покријат. Од друга страна има спорен член во предлог законот за социјална заштита, кој вели дека лице кое користи надоместок за попреченост, истовремено не може да користи надоместок за помош и нега од друго лице. Сметаме дека овој закон е дискриминирачки, иако Македонија е потписничка на конвенцијата на ОН, за еднаков пристап на овие лица, бидејќи не прави ништо за подобрување на условите за живот“, рече Димитровска.

Димитровска, кажа дека власта нема слух за овие лица и дека инклузијата што ја предлага министерката Царовска , е само на хартија.

„Во законот се предвидува инклузија, но при тоа нема конкретни мерки со кои ќе спроведе таа и според нас овој закон ни млаку нема да ја подобри нашата ситуација. За каква инклузија зборуваме кога, нема пристапност до институциите, односно инфраструктурата не е прилагодена, па инвалидизираните лица за да стигнат од една до друга релација мора да одат со такси и со придружник. Не се ослободени од партиципација за здравствени услуги, не се ослободени од ДДВ, не се ослободени од ниту една комунална давачка. Затоа бараме и апелираме да се слушне нашиот глас и да порачаме дека хендикепот не е треба да се гледа кај поединецот туку во општеството“, изјави Бранкица Димитровска од Здружението Хендикеп.

Според податоците на Здружението Хендикеп, има околу 2000 лица со попреченост кои користат колички.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

A1on

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Владата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Се загуби 70-годишната траекторија во образовниот процес на лицата со попреченост

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој, затоа оваа Влада континуирано инвестира и во социјалната заштита