(ВИДЕО) Шкариќ: Никој не може да го сопре законот за една изборна единица ако има поддршка од 65 пратеници

Од:

Професорот по Уствно право, Светомир Шкариќ, на дебатата за двата закони за измена на изборниот законик и изборни листи порача дека со поддршка од 65 пратеници не постои пречка овие закони да бидат донесени на легален и легитимен начин.

„Не гледам пречка и кој може да ве запре да ги донесете овие измени доколку имате поддршка од 65 пратеници. За легален, донесен закон се смета со 61 глас, а вие имате повеќе од доволно. Единствен проблем на кој што ќе наидете е веројатноста претседателот на Собранието да не го потпише законот, но за среќа тука е претседателот на државата кој со указ ќе го потпише и тој ќе стане полноважечки. Законот нема да може да биде оспорен ниту пред Уставниот суд бидејќи има 61 глас, во случајот 65, и со тоа е обезбедена целосна уставност“, рече Шкариќ обраќајќи се прет пратениците иницијатори на овие закони.

Воедно на иницијаторите им порача дека треба да размислат и за промена на изборниот модел, при што како најдовар го предложи Харовиот модел:

„Харовиот модел предвидува отворени и подвижни листи. Сега ние имаме мртви, партиски листи. На тој начин во иднина ќе се подигне стручното ниво на пратениците, така што нема да имаме само еден независен стручен пратеник, туку ќе се отвори простор за многу повеќе“, рече Шкариќ.

На дебатата не присуствуваа претставници од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои со илјадници амандмани ја блокираа расправата за законите.

Би можело да ве интересира

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

A1on

(ВИДЕО) Заев: За една изборна единица ќе се одлучува до 12 февруари

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Витановски: Државната изборна комисија може да организира избори во една изборна единица

Татјана Ташкова

(ВИДЕО) Заев: Tврдам дека има време за промена на изборниот модел

ВИДЕО: Заев даде зелено светло за една изборна единица, Мицкоски избега, не се појави на дебатата во Собранието

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Амди Бајрам: Доста е за едни државата да биде мајка, за други маќеа

Габриела Димковиќ-Мишевска