ВИДЕО: Редари ги учат граѓаните како да фрлаат ѓубре во канти за отпад

Од:

По поставувањето на новите корпи за отпадоци, во старта чаршија еден комуналните редари пред камерата на А1он, демонстрираше како граѓаните треба да го фрлаат ѓубрето.

„Отпушоци од цигари се гасат во горниот дел од капакот и тие паѓаат низ мал отвор во корпата за отпадоци. Џебниот отпад се одлага во корпата. Кога ќе се наполни, вработениот со клуч ја отвара корпата и ја празни. Едноставни се за ракување“, им објаснуваше на граѓаните, комунален редар.

Тој најави и дека ќе дежураат околу новопоставените корпи за отпадоци и ќе ги опоменуваат граѓаните, да не го фрлаат ѓубрето околу кантите, туку внатре во нив.

Апелот за тоа дека треба да се фрла ѓубре во кантите, а не околу нив го пренесе и директорот на Ј.П „Комунална хигиена“. Тој се сликаше со новите корпи и им укажа на дуќанџиите во чаршијата совесно да се грижат за корпите за почиста Стара Чаршија.

„Апелирам да не се расфрла ѓубре околу корпите. Да се одлага отпадот таму каде што му е местото. Да не ни се повторува онаа лоша слика од пред неколку недели, кога имаше ѓубре околу контејнерите. Оваа е новина кај нас, и за се што е ново треба време, но се надевам дека за недела до две граѓаните ќе се навикнат на новите корпи“, рече Абулсамет Шабани, директор на Ј.П „Комунална хиегиена“.

Дали граѓаните ќе ја прифатат идејата и дали редарите ќе ги сочуваат корпите останува да видиме. На неколку локации особено околу автобуски постојки веќе има натрупано отпушоци, а од корпите ѕиркаат најлонски кесиња, лушпи од банани и недојадени сендвичи.

Инаку, освестувањето на граѓаните за прописно одлагање на отпадот го почна градскиот татко Петре Шилегов, кој со комуналните редари заедно објаснуваше како се ракуваат новите контејнери.

Но, добар дел од граѓаните не разбраа како се ракуваат, затоа што два дена подоцна се појавија слики на социјалните мрежи на кои се гледаа обесени кеси на контејнерите или натрпунани над контејнерите како и ѓубре расфрлано околу нив.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош