ВИДЕО: Судир на Србите со косовската полиција во Штрбце

Од:

Припадниците на косовската полиција употребиле солзавец против граѓаните од српска националност во општината Штрпце, кои се обидоа да ги запрат работите на изградбата на мини-хидроцентрала во нивниот регион.

Медиумите во Србија известија дека дваесетина лица се повредени во судирот со косовската полиција, меѓутоа полицијата ги демантира тие информации и тврди дека единствено употребила солзавец за да ги запре демонстрантите.

По двомесечен протест за одбрана на реките на Шар Планина, кога месното население успеа да издејствува отстранување на градежната машинерија, денеска во придружба на припадници на специјалната косовска полиција РОСУ еден багер повторно почнал да копа.

Информацијата за конфликтот со демонстрантите ја потврди и косовската полиција, која објави дека е употребен солзавец, но не и насилство.

– И покрај тоа што полицијата ги информира и им нареди на протестантите да не ги попречуваат работите и да се оддалечат, тие не ги спроведоа наредбите. Во овој случај полицијата употреби спреј и протестантите се оддалечија, ослободувајќи го патот, се наведува во полициското соопштение.

Полицијата исто така информира дека, во соработка со претставници на општината и на демонстрантите, е договорена заедничка средба на која ќе се разговара за нивните барања.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски