(ВИДЕО) Поповска на протестот за Иловица-Штука: Тука мириса на корупција и на пари

Од:

На денешниот протест во Босилово против отворањето на рудникот, Иловица-Штука, пред собраните се обрати поранешната претседателка на партијата ДОМ, Лилјана Поповска, која оцени дека инвестицијата е сомнителна и рече дека ѝ мириса на корупција.

„Секој нормален човек знае дека ваков рудник не се прави кај населено место. Од информациите со кои располагаме, многу нешта во врска со оваа инвестиција се сомнителни и мириса на корупција“, рече Поповска.

На протестот, собраните ја испратија пораката дека не сакаат отворање на рудникот и сакаат здрава котлина и здрав живот.

Ова е еден од низата протести во последниве две години на кои се бара да се спречи отворање на рудникот за бакар, и жителите порачуваат концесионерот „Еуромакс рисорсис“ да си замине од тука.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

ЕУ ризикува застој во зелената агенда без нови рудници и истражувања

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Растат цените на бакарот – нов глобален бум во рударството

Предраг Петровиќ

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ