(ВИДЕО) Поповска: ДУИ преку амандмани бара законот за една изборна единица да важи после 30 години од сега

Од:

Пратеникот Ејуп Алими поднел различни амандмани со кои само го менувал датумот на примена на законот за една изборна единица во период од 2050 до 2080. Лилјана Поповска од ДОМ, една од иницијаторите за измените на изборниот законик, рече дека речиси 90% од преведените амандмани се со ваква содржина и рече дека овој потег на ДУИ е несериозен и потценувачки кон институцијата, односно Собранието.

„Еден ист пратеник поднел серија амандмани со кои се менува само датумот на важење. Содржински, амандманот нема никаква логика, едноставно се работи за игра на зборови. Барал законот да важи од 20 јули 2051 година, потоа поднесува друг амандман, во кој бара да се применува од 11 октомври 2071, па имаме 28 октомври 2080. И така пратеникот во рок од 50 години си ги менувал датумите на амандманите. На ваков начин не само што се блокираат законите кои ги иницираме, туку се изигрува институцијата. Ние повторно повикуваме на кооперативност, еве нека се одважат и нека дојдат на дебата. Не ми е јасно зошто не сакаат, дали се срамат од своите амандмани, па не сакаат да раправаме по нив?“, праша пратеничката Поповска.

Според пратеничката Поповска, досега се преведени околу 2.200 амандмани или 50% од поднесените од ДУИ. Таа рече дека тие бараат амандманите да се стават на комисиска расправа, а го повика и спикерот Џафери да помогне да се отстранат техничките проблеми и да почне дебатата по нив.

„Добар дел од амандманите се преведени, но има проблем што не се закачени на електронската адреса на Собранието. Очигледно е дека ова е начин за блокада на законите, но ние уште еднаш повикуваме да се свестат колегите и да изнајдеме политичка волја да почнеме дебата. Доколку има компромис, амандманите може да се групираат и тие 1.000 да се сведат на три или четири амандмани и така ќе се откочи процедурата“, рече Поповска.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Во Финска три потписи, во Македонија 2003 за независни листи: Невладините реагираат на измените на Изборниот законик

A1on

СДСМ и ДУИ уште лани разговарале за предизборна коалиција, договор уште нема