(ВИДЕО) Поповска: Антикорупциска да истражи дали функционери од Министерство за економија имаат судир на интереси за рудникот

Од:

Пратеничката на партијата ДОМ, Лијана Поповска ја повика антикорупциската комисија да испита дали функционери од Министерството за економија имаат судир на интереси во случајот со концесијата Иловица Штука, бидејќи од Министерството со месеци го држеле барањето за одземање на концесијата и не го проследиле до владата. Таа рече дека не исклучена можноста да има вклучено функционери во целиот процес, односно дека имаат лични интереси да проработи рудникот.

„Владата имаше јасен став и застана зад одземање на концесијата, но овде ја повикувам антикорупциската комисија да ја расчисти ситацијата. Се сомневам дека има нешто нечисто кај Управниот суд кој со месеци го држи барањето и не одговара и поради тоа власта чекајќи го мислењето на судот не ја носи конечната одлука. Ја повикувам анти-корупциската да испита и дали некој во Министерството за економија нема личен финансиски интерес што не предлага на владата конечно одземање на концесијата“, рече Поповска.

Поповска посочи дека треба да се истражат не само сегашните туку и поранешните функционери кои издавале документи за концесија на рудникот.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

Грозданов: Иловица-Штука – проект што може да донесе милијарда евра или уште една арбитража?

Катерина Ѓуровски

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство