(ВИДЕО) Петкоски: Заев нема избор, овојпат нема да поминат козметички ПР-трикови

Од:

Доколку власта сака да ја врати изгубената доверба кај граѓаните, политикологот Љупчо Петкоски порачува дека „метлата треба да делува на терен, веднаш“, затоа што премирот Зоран Заев нема многу време за импровизации.

„Премиерот Заев нема избор, не може да бара изговори, да ги турка проблемите под тепих. Јавноста очекува промена на нефункционалните кадри, без разлика дали се тоа блиски луѓе до него или функционери од прв ешалон. Овој пат нема да поминат козметички ПР-трикови“, вели Петкоски.

Анализирајќи ги резултатите од претседателските избори Петкоски за А1он изјави дека власта и опозицијата се губитници и со освоените гласови не можат да бидат задоволни ниту едните ниту другите. Според него, изборите покажале дека јавноста е доволно зрела критички и не може да се залажува со националистички и популистички ветувања и порачува политички актери да бидат свесни каде потфрлиле. ВМРО-ДПМНЕ, според него, не може да го охрабрува членството со резултатите на празно, а пак СДСМ да ги турка проблемите под тепих, туку да направи вистинска реконструкција и да го смени курсот на досегашната политика.

„На изборите не се бројат општините, туку вкупните гласови, така што ВМРО-ДПМНЕ не може да се смета за морален победник. Од друга страна покажаа дека не научиле дека стариот модел на делење на гласачите на етнички Македонци и други, не носи резултати. Иако власта се обидуваше да го осуети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски сепак тој се позиционираше добро кај членството, повикувајќи се на резултатите, придавајќи си успех дека успеал да ја врати партијата на старата слава. Но, ова може да биде доста проблематично. СДСМ на овие избори не може да биде задоволна иако доби претседател, има помалку гласачи и од референдумот и од локалните избори. Свесни се дека граѓаните се разочарани, а власта премалку испорачала“, вели Петкоски.

Според Петкоски, бурните реакции на ДУИ, се неумесни и се резултат на паника, а не на постигнатиот успех на изборите.

Габриела Димковиќ Мишевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?