ВИДЕО: Новиот албум е зрела и интимна приказна на „Фолтин“

Од:

Во присуство на бројни музички критичари денеска беше промовиран осмиот албум на групата „Фолтин“ насловен „Момома“. Ова издание е со повеќе капитални мучики промени во однос на музиката во претходните албуми и според фронтменот на групата Бранислав Николов е повеќе стандарден што за нив е своевиден експеримент.

Насловот „Момома“ го усвоиле од изјава на шестгодишно детенце кое по слушањето на песните рекло дека тој едноставно мора така да се вика без притоа да се образложи што се крие во оваа игрозборка.

Колку луѓе толку алузии, вели Николов но сигурно е дека песните на овој албум се интимни приказни на членовите на групата.

„Критиката го оценува како најзрел албум на Фотлтин, па полека и ние го усвојуваме тој термин. Веројатно сме созреале во емоцијата, би рекол сме станале питоми. Овој пат ги избегнавме тие распони на нежност до крајна дива нишка“, вели Николов во краткиот разговор за „А1 он“.

„Момома“ е најзрелиот албум на „Фолтин“. Мучички клуч под дипле. Со кој влегувате којзнае каде. Благо џезиран. Бескрајно љубовен. И, замислете, пријатно поинаков од се претходно, а препознатливо фолтиновски“, пишува за овој албум Дејан Трајковски.

На албумот се содржани шест песни „Ми се води љубов“, „Месечина“, „Мачка во вреќа“, „Несоница“, „Чекор“ и „Ти верувам“.

Потписници се Бранислав Николов, глас, Пеце Трајковски-Брада, гитара и сајзер, Гоце Јовановски, бас Славчо Јовев, тапани и Пеце Николовски, кларинет и усна хармоника.

Концертната промоција на „Момома“ ќе биде идниот месец во Скопје.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Фолтин во Јавна соба на „Светско, а наше“

Предраг Петровиќ

Концерти на Фолтин во Куманово, Штип и Струмица

Концерт на „Фолтин“ во Тирана

Ана Ололовска

„Фолтин“ одбележа 25 години од својот прв концерт

А1он

Концерт на „Фолтин“ во Крива Паланка

Ана Ололовска

Концертна промоција на новиот албум на „Фолтин“ на 25 мај во Скопје

Ана Ололовска