Силно невреме со дожд и град утрово ја погоди Хрватска, поточно карловачкото подрачје, а обилниот дожд подоцна го зафати и Загреб.
На карловачкото подрачје паѓаше град со величина од два до пет сантиметри, додека ветерот откорнуваше дрвја. Како што пренесуваат медиумите паднале повеќе од 30 литри дожд на метар квадратен, а се очекува до крајот на денот дождот да достигне до 50 литра.
Во Загреб обилниот дожд предизвикал застој во сообраќајот, а полицијата соопшти дека поради големата количина вода, затворени се подвозниците за патничките возила.
Е. Г.