(ВИДЕО) Несими: ДУИ може да му обезбеди 40 илјади гласа на Пендаровски

Од:

Не може да ги броите гласачите, како што тоа го прави ДУИ, затоа што никој не ги држи во џеб, изјавата на раководството за испорачување дури 100 илјади гласа за Стево Пендаровски е пре оптимистичка, изјави за А1он аналитичарот Роберт Несими.

Прогнозите се дека коалицискиот партнер, може да му обезбеди 40 илјади гласа на Пендаровски во вториот круг за претседателските избори.

„За да биде точна математиката мора да се вратиме на првиот круг, при што гласаа 120 илјади албанци, од нив 80 илјади гласа отидоа на контото на Река, 40 илјади кај Пендаровски. Од нив, 25 илјади се на ДУИ, останатите на гласачите на СДСМ, ДПА, Алтернатива. Оваа бројка од 100 дури и 150 илјади гласови е смешна, затоа што никој не ги контролира гласачите, а не гледам некоја силна мотивација да излезат останатите на ДУИ во вториот круг. Севкупно гледано Пендаровски може да очекува максимум 50 гласови од Албанците“, вели Несими.

Што се однесува до гласовите на Блерим Река, Несими вели дека овие гласачи нема да отидат на ничие конто, ниту кај Пендаровски ниту кај Силјановска. Тој додава дека е голема можноста овие гласачи да апстинираат од гласање во вториот круг.

„Мал дел од гласовите на Река, може да добие Пендаровски, но не треба да очекува премногу. Кампањата што ја водеше СДСМ, ги одврати гласачите од албанската опозиција да гласаат за Пендаровски. Факт е дека уште во 2017-та за локалните избори СДСМ, им сврте грб на Алијанса и на Беса и јасно се позиционираше кон ДУИ. Сега не е логично, да барате гласови само кога ви требаат. Од друга страна албанската опозиција засега нема заедничка историја на владеење со ВМРО-ДПМНЕ, па според мене по логично е некој од ДУИ да гласа за Силјановска, отколку гласач на опозицијата“, објаснува Несими.

Аналитичатот Несими, не даде прогноза кој ќе биде победникот во вториот круг, но рече дека резултатот ќе биде тесен при што ќе има доволен број гласачи за обезбедување на потребниот цензус.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити