ВИДЕО: Неколку илјади луѓе на концерт за поддршка за ЕМБГ во Сараево

Од:

Неколку илјади лица присуствуваа синоќа на концерт за поддршка за Единствeниот матичен број на граѓаните (ЕМБГ), што се одржа пред зградата на Парламентот на БиХ во Сараево, а настанот помина мирно без инциденти.

На концертот настапија познати босански музички ѕвезди, кои со своите песни му испраќаа порака на Парламентот и укажуваа на неговото неработење.

Како и на претходните собири, без разлика на масовноста, беше испратена пораката дека граѓаните нема да се откажат и ќе издржат во својата борба.

– Да не дозволиме уште едно дете да страда поради неажурноста на парламентарците. Ја имаме поддршката од странските и домашните субјекти, но само граѓаните се дел од оваа приказна, се наведува во пораката на лидерот на протестите.

На граѓаните им се обрати и таткото на бебето Берина Хамидовиќ, која поради немање Единствен матичен број не можеше да и биде изваден пасош и навреме да замине на лекување во странство, па почина од сепса во болница во Белград.

„Бејби“ протестите во Сараево започнаа на 5. јуни, а демонстрантите им поставија ултиматум на пратениците да го донесат законот за ЕМБГ до 30 јуни. [nggallery id=203]

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина