(ВИДЕО) Михајлов: Има позитивна клима за организирање парада на гордоста

Од:

Антонио Михајлов, активист за правата на ЛГБТ-заедницата, изјави дека во изминатите две години се подигнала свеста и постои можност во државата да се организира парада на гордоста. Михајлов не откри дали и кога би можела да се организира, но рече дека ваквите форми на изразување се добра можност да се крене гласот за подобрување на положбата на оваа група луѓе.

„Секоја ваква активност помага да се зголемат видливоста и прифатеноста на оваа група луѓе во општеството. Парада на гордоста или протестен марш помага во тие заложби. Ова го покажува искуството на нашите партнери од регионот. Парада на гордоста е еден од најефективните методи за артикулација на политичките интереси на одредена група, во овој случај на ЛГБТ-заедницата. Во клима каква што е сега, сметам дека е добра идејата да се случи еден ваков настан во државата. Во изминатите две години, по промената на власта, намалено е нивото на институционалната хомофобија и се отвори простор за дијалог со политичките актери за подобрување на положбата на ЛГБТ-заедницата“, рече Михајлов.

Сепак, според него, Македонија „не е ветена земја“ за лицата со хомосексулна ориентација, поради што сè уште има луѓе кои поради стигмата што владее овде се иселуваат во европските земји. На европско ниво државата е сè уште во групата на 10-те земји што се наоѓаат на дното на листата за борба против хомофобијата и обезбедување подобри услови за ЛГТБ-заеницата.

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија во чест на 17 мај годинава ѝ додели награда на пратеничката и координатор на интерпартиската група за подобрување на првата на ЛГБТ, Маја Морачанин. Таа од собраниска говорница рече дека сетот закони што ги подготви Собранието ќе дадат можност за правна заштита, односно ќе можат да поднесат тужба против дискриминаторот пред надлежен суд, ако постои полова дискриминација.

„Исклучително значајно е што изминатата година направивме значајни исчекори за подобрување на првата на ЛГБТ-заедницата. Благодарност до сите колеги пратеници кои помогнаа да го изготвиме и донесеме Законот за заштита од дискриминација, кој јасно го дефинира овој проблем и ќе има позитивен ефект во пракса“, рече Морачанин.

Инаку, според анализите на европските институции, земјите од регионот се многу понапред во унапредувањето на положбата на ЛГБТ-заедницата. Хрватска и Словенија се највисоко рангирани, а пред Македонија на листата се наоѓаат и Албанија, Црна Гора и Косово.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

Орце Костов

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Англиската црква се извини поради третманот на лицата од ЛГБТ заедницата: Длабоко ни е жал

А1он