Мадона која е голема обожавателка на кубанската музика, одлучи својот 58 роденден да го прослави во Хавана.
Набргу по пристигнувањето во Куба и пред вечерната прослава таа заигра на улиците на Хавана.
Ѕвездата која зад себе има повеќе од три декади успешна кариера папараците ја уловија како шета и по стариот дел на Хавана со група луѓе и со нејзините деца, додека Кубанците и довикуваа “Мадона те сакаме“.