Мадона брутално му се нафрли на Трамп

Од:

Мадона, која ја поддржуваше Камала Харис во претседателската кампања, сега јавно го критикуваше Доналд Трамп, кој сака да воведе забрана за трансродовите лица да служат во американската војска.

„Тажно е да се гледа дека нашата нова влада полека ја урива сета слобода за која се боревме и ја постигнавме низ годините“, напиша пејачката на X, додавајќи ЛГБТК знаме.

Не се откажувајте од борбата“, напиша таа под објавата.

Во коментарите под нејзината објава, набрзо избувна огромна дебата меѓу луѓето кои ги поддржуваат нејзините ставови и оние кои се на страната на Доналд Трамп.

Трамп верува дека трансродовите луѓе би можеле да ја загрозат оперативната подготвеност.

За потсетување, администрацијата на Доналд Трамп изјави дека менталната и физичката подготвеност се клучни фактори за воената ефикасност и верува дека вклучувањето на трансродовите лица може да ги загрози способностите за распоредување и оперативната подготвеност.

Одлуката означува враќање на претходните правила кои ги исклучуваа трансродовите лица од служба, додека претходната администрација им дозволуваше да служат непречено.

Мадона еднаш веќе се најде во неволја во 2017 година бидејќи зборуваше против Доналд Трамп.

Во говорот исполнет со пцовки во Вашингтон, таа рече дека Белата куќа треба да биде крената во воздух.

Говорот на Мадона беше критикуван од многумина на социјалните мрежи, а некои телевизиски мрежи дури во тој момент престанаа да емитуваат програма. Наводно, полицијата ги истражувала и нејзините тврдења за можноста од фрлање бомба на Белата куќа.

Сепак, набргу потоа се изговори дека тоа го кажала метафорично, но сепак се пресели во Лисабон на подолг период.

„Јас не сум насилна личност, не промовирам насилство. Важно е луѓето да го слушнат целиот мој говор, а не само една фраза извадена од контекст“, објави Мадона на Инстаграм. „Зборував метафорично“, објасни таа.

За време на говорот во Вашингтон, таа исто така рече дека „доброто не победи на американските избори, но доброто ќе победи на крајот“.

Заедно со низата пцовки, таа повика на единство и солидарност.

Би можело да ве интересира

Трамп објави документи во врска со атентатот на Џон Кенеди

А1он

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Трамп: Бев саркастичен кога реков дека можам да го направам тоа

(ВИДЕО) Свршеницата го разоткри Калкин: „Не знае да вози, никогаш не праел алишта…

Предраг Петровиќ

Детал кој менува сè: Што ќе се случи со богатството на Џин Хекман од 90 милиони долари

Предраг Петровиќ

Новиот премиер на Канада: Подготвен сум за разговори со Трамп за трговските односи

А1он