Поддршката на Мадона за студентите предизвика реакциja од Карлеуша: Легенда си, ама одје*и

Од:

Откако се прошири веста дека Мадона ги поддржа студентските протести во Србија, реагираше и Јелена Карлеуша.

Имено, 66-годишната поп икона преку својот Инстаграм профил сподели видео од студентските протести во Нови Сад, наведувајќи во дел од објавата дека медиумите не го прикажуваат едно од најмасовните студентски движења на овие простори од 1968 година.

Да го поддржиме единството низ светот“, напиша Мадона под видеото.

Нејзината најава и поддршка за младите во Србија предизвика ентузијазам во целиот регион, но и поинаква реакција на Јелена Карлеуша. По тој повод, таа ја повика светската ѕвезда, пишувајќи дека студентите во САД секојдневно се самоубиваат поради студентски кредити и дека САД ги бомбардира и уништува демократските земји ширум светот.

„Живееш во земја во која студентите се соочуваат со секојдневна несигурност поради високите студентски заеми, каде што банките ги запленуваат семејните домови и уништуваат животи. Твојата држава бомбардира и уништува демократски земји ширум светот. Каде е твојата грижа за геноцидот во Палестина? Тоа треба да биде твоја грижа. Студентите во Србија имаат бесплатно образование и медицинска нега. Ја почитувам твојата музика, ти си легенда, ама одје*и“, напиша Карлеуша.

Би можело да ве интересира

Го прашала ChatGPT за лек, го следела советот и починала: Родителите ја тужат компанијата OpenAI

Предраг Петровиќ

KORPA ПРВА ОНЛАЈН ПЛАТФОРМА ВО МАКЕДОНИЈА КOJA ВОВЕДЕ ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ APPLE PAY И GOOGLE PAY

Предраг Петровиќ

Карлеуша бара помош од Трамп и Маск оти „студентите ќе ја уништеле државата“

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра

Рајан Гослинг го оживува рок-бендот по 17 години пауза

Нетфликс започна со снимањето на третата сезона на „The Gentlemen“, во актерската екипа се Елајџа Вуд, Орландо Блум и Роберт Карлајл

Предраг Петровиќ