ВИДЕО: „Лола“ приказна за убиство и секс

Од:

Претставата „Лола“ во режија на Софија Ристевска, во сабота (11 мај), ќе биде премиерно изведена во кабарето „Џубокс“ во Скопје. Во оваа монодрама носечката улога ја игра младата актерка Македонка Илиевска.

Македонка, за А1он, објаснува дека Лола е жена која се бори да преживее во едно општество со политички, економски и духовни кризи.

„Во претставата се зборува за гладот и она на што е подготвен човекот да го направи кога е гладен. Лола е еден комплексен и многу емоционален лик“, вели Илиевска.


Претставата премиерно беше одиграна во јануари оваа година на фестивалот KNOTS во градот Сан Педро, Аргентина, а Илиевска и Ристевска како дел од проектот на „Интимен театар“ од Битола, на интернационален собир ја претставувале Македонија.

„Претставата ја направивме наменски за фестивалот во Латинска Америка“, објаснува за А1он, режисерката Софија Ристевска.

Текстот за претставата е изработен од документарни материјали од конкретни жени кои имале проблеми со финансиите, општеството, социјалните проблеми, психолошки проблеми, како и стории од црната хроника од весниците кои понатаму тие ги обработиле во драмски текст.

„Со тоа ја добивме Лола која е еден комплексен збир од многу истории со една основна нитка. Мотивот е жената која што е гладна, нема никакви финансиски извори, во општество во кое нема правила на игра, а таа се бори за да преживее на најразлични начини“, рече Ристевска.

Со оглед на тоа дека претставата е дел од независната театарска сцена во Македонија, Ристевска коментира дека оваа сцена во Аргентина е многу поразвиена.

Таа вели дека иако постојат голем број на државни професионални театри, независната сцена е далеку по развиена, луѓето работат со поголема желба, имаат поголеми можности како свој простор за проби, продукции и играње на самите претстави.

„Сето тоа овозможува нивната мрежа на независна театарска сцена да биде доста распространета и пооптимистична“, вели Ристевска.

По премиерата на „Лола“, реакцијата на публиката била бурна и како што вели Македонка, тие сакаат да гледаат европски театар.

„Тргнувајќи дека се многу потопли и поразлични од нас, со бурни аплаузи не поканија уште еднаш да ја изиграме претставата надвор од фестивалот“, задоволно коментира Илиевска, најавувајќи повторна идна соработка со независните театри во Аргентина.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска