(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири

Од:

„Во јавноста излегоа нови, сериозни сомнежи поврзани со скандалот за јазичниот сертификат на директорот на АНБ, Бојан Христовски. Последното истражување на БИРН, од увид во документацијата открива нови сомнителни и скандалозни детали за валидноста на ТОЕФЛ сертификатот по кои мора да постапат институциите“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Рече дека „За јазичниот сертификат Христовски полагал од дома. А во интервјуто за македонски медиум Христовски рече дека полагал преку јазичното студио „Јулија“ во Пловдив. Дали Христовски излажал за да покрие скандалот? Понатаму, трите дела од испитот, читање, слушање и пишување, Христовски ги полагал на ист датум, на 22 март 2022 година а делот „говорење“ го полагал пет дена порано. Тоа е спротивно на правилата на ЕТS, каде тестот трае околу два часа за сите четири дела, а паузите се забранети“.

„На самиот документ стои дека резултатите од сертификатот важат две години, значи март 2024 година. А Христовски беше именуван за директор во октомври 2024 година, што значи седум месеци по истекот на важењето. Очигледно и приложениот сертификат од страна на Христовски е со помината важност. Овде има и еден клучен факт: Кодот на тест-центарот наведен во сертификатот на Христовски не е од Пловдив, како што тврдеше тој, туку од Софија. Истиот тој центар нема никаква врска со студиото „Јулија“ на кое се повикува директорот на АНБ. Дополнително, документот што го покажува неговиот резултат е верзија што може самиот кандидат да ја испечати, без никаква гаранција за автентичност од ETS“ рече Кузеска.

Од таму СДСМ јавно бара:

„-Отворање на нова, независна истрага за случајот Христовски.

-Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да отвори предметот бидејќи по Закон е надлежна.

-Обвинителството да побара од ETS – единствената овластена институција – да ги открие официјалните податоци за полагањето на Бојан Христовски“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?