(ВИДЕО) Кузеска: Нов скандал на Тошковски – тендер од 4 милиони евра за фирми со само 2 вработени, основани пред тендерот

Од:

„Системска корупција ја јаде земјата. Се е бизнис интерес, на мала група луѓе околу центрите на моќ на ВМРО-ДПМНЕ. На поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ полека им станува јасно. Нема ништо од гордоста, нема ништо од националните интереси, лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ бил само за лично богатење на поединци. Додека тие се удираат в гради нивните шефови се богатат. Денеска објавуваме нов скандал во Министерството за внатрешни работи водено од Панче Тошковски. Нов сомнителен случај вреден речиси 4 милиони евра, кој ги носи сите обележја на скандалозните тендерски мрежи на ВМРО-ДПМНЕ“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа рече дека „Договори од милионски износи се доделени на фирми без никакви капацитети, без претходно релевантно искуство, па дури и без никаква историја на јавни набавки за вакви или за други слични потреби! Некои од нив се отворени буквално 20 дена пред тендерот“.

„Фирмата „Ле Бранд Дизајн“ од Битола, модно студио со просечен годишен приход од едвај 20.000 евра и само двајца вработени, добива тендер од над 2 милиони евра за шиење специјални полициски униформи. До вчера двајца вработени шиеја фустани, денес со двајца вработени треба да опремат специјални единици! Кој е овде наивен. Фирмата „Памитекс Тим“ е регистрирана само 20 дена пред распишувањето на тендерот, без веб-страница, без историја на набавки, без транспарентност. Ете ваква фирма добива тендер од 1.710.000 евра“ порача Кузеска.

Вели дека „МВР ги отстранило сите критериуми што би овозможиле транспарентна и правична конкуренција – нема услов за претходно искуство, нема минимум приходи, нема проверка на реални капацитети. Тендерот е шиење по мерка – ама не за полицијата, туку за партиските и бизнис интереси блиски до ВМРО-ДПМНЕ“.

„СДСМ бара:

• Итна постапка од Јавното обвинителство за сомнежи за злоупотреба на службена положба, местење тендер и можно перење пари.

• Поништување на скандалозниот тендер.

• Отворање нова, транспарентна постапка со објективни критериуми

Ова е системска корупција која мора да биде истражена до крај.

Граѓаните не заслужуваат криминал, туку правда“ рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски