ВИДЕО: Комити ја провоцираа полицијата, па се обидоа да нападнат новинар

Од:

Навивачката група Комити за време на протестот пред Собрание неколку пати фрлаше со петарди кон полицијата со цел предизвикување инцидент, а имаше обид од поединци и за провокации.

На крајот од протестот, група демонстранти се обиде да го истурка новинарот Љупчо Златев настрана од , на што по неговото спротиставување, се обидоа физички да го нападнат. Инцидентот со Златев се случи додека тој ја снимаше полицијата. Групата реагираше откако тој снимаше и кон нив, додека беа застанати пред оградата и полицијата.

Протестот заврши мирно, откако повозрасни граѓани реагираа на обидите на групата да направи инцидент, велејќи им да се повлечат и да заминат дома. Во текот на целиот протест, организаторите повикуваа да нема инциденти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите