(ВИДЕО) Кежаровски низ солзи: Мерката притвор е крвничка

Од:

Новинарот Томислав Кежаровски кој е обвинет во случајот  „Ликвидација“ за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во својата одбрана кажа дека само си ја вршел својата работа. Тој видно вознемирен два пати се расплака во текот на исказот.

„Се соочувам со неразумниот каприц на правосудните органи, а јас само ја работев својата работа. Не е потребно човек да е правник за да примени здрав разум и логика и да ја сфати апсурдноста на обвинението против мене кое ми го наруши мирот и семејното спокојство“, изјави Кежаровски.

Мерката притвор, која на Кежаровски му е одредена три пати по 30 дена ја  окарактеризира како крвничка.

„Кривичната пријава и обвинението за мене се неприфатливи и демонстрација на лицемерие со цел да се прикрие што точно се случило“, рече новинарот Кежаровски.

Тој пред судот кажа дека со неговото апсење се загрозува слободата на медиумскиот простор . Појасни дека грешката со заштитениот сведок Златко Арсовски чиј псевдоним беше Бреза, е направена многу пред да го објави името. Преку случајот „Ореше“, рече, требаше да се открие гнилоста на институциите.

Побара од судот да провери чиј е телефонскиот број од записникот кој тој го објавил во текстот за кој се товари, бидејќи, тој се сомнева дека бројот е на заштитниот сведок.

На Кежаровски денеска кога доаѓаше во судницата не му дозволија да ја прегрне својата ќерка.

Би можело да ве интересира

(АУДИО) „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

Ландов

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ВИДЕО: Поради операција на поротничката, одложено повтореното судење на „Ликвидација“

Васко Маглешов

По 5 години Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска