(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

Од:

Кандидатката за градоначалничка на Тетово, Катка Божиновска, на денешната средба со граѓани во Тетово, порача дека нејзиното вклучување во политиката произлегува од потребата да се спротивстави на состојбата во градот.

„Јас се вклучив во оваа борба бидејќи не можев молчеливо да стојам и да гледам како Тетово се празни, како младите заминуваат, а градот се уништува, угушен од корупција,“ изјави Божиновска.

Во нејзината програма централно место заземаат активностите за уредување на урбаните средини, намалување на ефектите од аерозагадувањето, унапредување на комуналната инфраструктура и мерки за помош на младите при вдомување.

На настанот во Тетово присуствуваше и претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој, според Божиновска, „покажа дека политиката може да се води на поинаков, чесен и транспарентен начин“.

„Со тоа покажуваме дека за нашето вреди да се бориме. Ќе се бориме за правда во наше Тетово,“ нагласи Божиновска.

Би можело да ве интересира

Левица: Поддршка до народот на Венецуела и нејзиниот демократски избран претседател Николас Мадуро

Предраг Петровиќ

Левица: Минималната плата под прагот на сиромаштија, секое трето дете живее во беда

(ВИДЕО) Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица: Ниту една бремена жена да не добие отказ

(ВИДЕО) Левица: Со предлог измените на КЗ не се враќа правдата, ДПМНЕ ја амнестира високата корупција

А1он

Левица: Нашите советници не гласаа за буџетот на Град Скопје за 2026 година