ВИДЕО: Карантин има, луѓе нема – километарски колони на излезите од Скопје

Од:

Долгиот полициски час ги натера скопјани да го напуштат градот и зад себе ја оставија дилемата за оправданоста од ваквиот карантин кога никој не остана во градот.

На излезот на Скопје колони возила, некои со чамци, со миленици, трпеливо чекаа да го напуштат Скопје и коментираа дека не сакаат бескрајни карантини кои не ги почитуваат сите.

– Вака барем ќе излеземе од дома, не се издржува три, четири дена со децата затворени во стан, се дел од коментарите што ги слушнавме од граѓаните што го напуштаат градот.

Омилена дестинација повторно е Охрид, каде што се „води војна“ помеѓу противниците на туристи во градот и издавачите на соби и апартмани, кои сакаат гости. Првите се плашат дека на овој начин вирусот ќе се пресели и во Охрид, додека вторите на огласите и покрај тоа што е забрането, љубезно одговараат дека соби и апартмани има и дека е безбедно таму да сместуваат луѓе.

Охриѓани велат дека и претходно во градот се дојдени оние кои имаат сопствени станови но откако слушнале за карантинот од вчера побарувањата за сместување се големи. Соби во центарот на градот можат да се најдат и за 300 до 400 денари, додека цената на апартманите е 20, 30 па и до 50 евра за оние полуксузните.

На оглас пуштен вчера каде што се издаваат три двокреветни соби по цена од 300 денари по човек, сопственикот вели:

„Се е дезинфицирано, чисто, средено, нема човек влезено таму од лани, од што ќе се заразите госпоѓо? Гледате дека сезоната пропадна, постојано не затвораат? Вие си знаете, ама ако продолжи вака ќе пропаднеме… Да ставиме клуч на се и чекаме милост од Господ“, вели овој охриѓанец, кој издава апартмани.

Но, има и такви кои велат дека оглас има, но соби може да се резервираат дури за август и септември.

„За карантинов не издавам соби, огласот е пуштен, но може да резервирате за август или септември, сега има за забрана за сместување на гостите“, вели тој.

За тоа дали ќе се прават проверки за издавање на сместувачки капацитети од физички лица, во време кога е тоа забрането, одговор пристигна и од надлежниот инспекторат и охридската полиција.

Стојко Пауноски од Пазарниот инсепкторат за „А1он“ изјави дека тие не можат да вршат проверки дали се почитува забраната за изнајмување на соби и апартмани, туку можат да постапуваат доколку има пријава од полицијата.

Полицијата пак во Охрид за време на продолжениот викенд и празникот Задушница, ќе биде фокусирана на тоа дали се почитуваат основните мерки, а досега нема пријави дека физички лица изнајмуваат сместување во Охрид.

„Пријави нема, она што е поважно во наредниов период во овој продолжен викенд е да правиме контроли дали се почитува полицискиот час, дали има собираење на групи дали се носат заштитни маски, како и регулирање а сообраќајот. Во таа насока ќе бидеме фокусирани иако во претходниве денови извршивме превентивни мерки. Што се однесува до тоа дали некој ќе изнајмува соби, секако треба да пријави кај нас, односно да пријави во СВР Охрид. Ние ќе постапиме ако е потребно во координација со пазарниот инспекторат“, вели портапролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На социјалните мрежи има бројни коментари на граѓани кои сметаат мерката за карантин е апсурдна бидејќи предизвика големо движење од градовите каде што има голем број на заразени и каде што мерката стапи на сила, кон оние каде што ситуацијата е под контрола.

Многумина сметаат дека полицискиот час е беспредметен и дека и овој пат мерката ќе биде неефективна. Голем дел од коментарите се однесуваат на тоа дека институциите се неефикасни и дека нема доволен надзор во општините кои во моментов се жаришта на заразата.

Останува отворено прашањето дали мерката за карантинот го решава или уште повеќе го комплицира прашањето на заразата. Хрватска, Словенија и низа земји го решија вирусот без вакви рестриктивни мерки, со оаметни решенија на немашање на жителите од една во друга општина.

Словенија ја доби битката само со минимални ограничувања и голема дисциплина од граѓаните, како забрана за собири и почитување на мерките за дистанца. Казните за непочитување на мерките во оваа земја изнесуваа 400 евра.

Во Хрватска исто така не беше спроведен целосен карантин ниту пак полициски час, туку препораки за ограничено движење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on