(ВИДЕО) Илјадници фантомски гласачи

Од:

Неколку илјади фантомски гласачи кои немаат живеалиште во Скопје, а имаат издадени лични карти со живеалиште во центарот на метрополата, сѐ уште фигурираат во избирачкиот список, објави Цивил.

Дел од нив се од Пустец, Албанија, а дел од други градови во земјава.

Сите тие ќе имаат можност да гласаат на претстојните двојни избори, бидејќи, според нивните сознанија, тие се дел од избирачкиот список.

Засега, извршени се проверки само во општината Центар, каде што според сознанијата, има неколку илјади фантомски гласачи и тоа на следните адреси: Аминта 3, Мирослав Крлежа, Орце Николов, Булевар Илинден, Френклин Рузвелт, Црвена Вода, Булевар ВМРО, Димитрие Чуповски (Вељко Влаховиќ), Максим Горки, Никола Тримпаре, Киро Крстевски-Платник, Коле Неделковски, Петар Попарсов, Стале Попов, Бул Страшо Пинџур, Светиниколска, Васил Ѓоргов…

„Најпрво се упативме на адресата Васил Ѓоргов 24, каде што постојат сознанија дека во станот број 27 живеат десетици лица, сите со право на глас во земјава за претстојните избори во недела. Од влезната врата, која речиси беше руинирана, веднаш можеше да се забележи дека во станот не живее никој.

Пред влезната врата уште стоеше флаер од еден од претседателските кандидати.

Бидејќи не ни отвораше никој, заѕвонивме на вратата на соседите“, сведочат од Цивил.

„Тука веќе 20 години не живее никој“, рекла сосетката. Следната дестинација била улицата Киро Крстевски – Платник број 11, каде што во еден од становите пријавено е дека живеат над 20 лица, сите со право на глас во земјава. Вратата ја отворил средовечен човек кој изјавил дека е запознаен дека во неговиот стан се пријавени триесетина лица, но дека случајот не го пријавил кај надлежните. Од видеото во прилог можете да погледнете како поминала посетата во становите каде што се пријавени по триесетина лица.

Според информациите на Цивил, дел од избирачкиот список е прочистен – таму веќе не фигурираат дел од гласачите од Пустец кои беа на списокот на минатогодишните избори. Овие лица најверојатно ќе гласаат во Тирана. Сепак, само во општина Центар останати се неколку илјади лица кои сѐ уште фигурираат на избирачкиот список и имаат право на глас во земјава за изборите во недела.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме