ВИДЕО: Хорор во зграда во Аеродром, двајца станари тероризираат цела зграда, институциите немаат решение

Од:

Станарите во зградата на улицата „Коста Новаковиќ“ во населбата Аеродром , со години живеат во страв бидејќи се изложени на секојдневно тероризирање од непресметливото однесување на двајцата 29-годишни близнаци кои живеат во еден од становите.

Палење, поплави, кршење, насилно влегување во туѓи станови, демолирање на заедничкиот влез, агресија и сексуални закани кон жените во зградата се само дел од секојдневните сцени што ги приредуваат браќата.

Голготата на станарите трае долго но ескалирала последниве две години, кога и сестрата на овие браќа се отселила од станот, а таа, според кажувањата на станарите барем малку ги држела нештата под контрола.

Станарите се сведоци и на неартикулирано однесување и звуци на физички и вербални пресметки и меѓу двајцата браќа. Нивниот стан пак е сосема руиниран и запустен, живеат без струја и греење, спијат на под, а во валканите простории има дури и фекалии, така што има закани и за ширење на зарази.

Сепак, велат станарите тие се плашат за себе но исто така се плашат и за животот на браќата, бидејќи со однесувањето кое го манифестираат тие се опасни и за самите себе.

Повеќе од петстотини преписки со сите повикани институции за помош не биле доволни да се вклучат институциите и да најдат решение за проблемот. Можеби станува збор за правен лавиринт и неможност за координација на службите но сепак решение мора да се најде и барањето за ургентно постапување поради загрозување на општата сигурност на луѓето и имотот да биде процесирано.

„Луѓето почнаа да се иселуваат од зградата заради овој проблем. Секаде се обративме, сите креваат раменици. Полицијата интервенирала повеќе пати, но тие велат не се надлежни да го решат проблемот туку само да ги смират инцидентите. Се обративме и до Центарот за социјални работи, до санитарен инспекторат, до Град Скопје, до општина и до Влада. Навистина не знаеме што да правиме“, велат за А1 он станарите.

Поради овој проблем од зградата се отселила сосетката на браќата, која живее во станот над нивниот. Таа вели дека нејзиниот стан е обиен 40 пати а три пати е менувана скршената влезна врата. Се обратила до сите можни институции и вели кривичните пријави и натаму чекаат да бидат процесирани бидејќи тие не доаѓаат на судските рочишта. Еден од инспекторите кој безброј пати интервенирал во инцидентите со Томислав и Дарко, пријавувал и во болницата за душевни заболувања „Бардовци“ каде што Томислав бил однесен, но по 4 дена тој избегал од болницата. Пациентот никогаш не бил побаран од болницата повторно.

Продолжува…

Би можело да ве интересира

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ