(ВИДЕО) Гешоска: Уметниците што се наградени од власта – се збогатиле на сметка на сиромаштијата на овој народ

Од:

Нужност беше да се разбуди политички артикулираната уметничка сцена, требаше уште одамна да се појави, вели во интервју за А1 он, Искра Гешоска, културен работник, теоретичарка на културата и активистка, коментирајќи ги ајкулите во Вардар, дрвјата со очи и другите активистички акции кои го критикуваат Скопје 2014, а добија простор и во странските медиуми.

– Политичката стварност мора да биде тема на секој уметник, особено нејзиното критичко восприемање, артикулрање и производство на критички творечки глас во однос на целата социо-културна политичка димензија. Во вакви горки времиња уметникот е оној кој што би требало да погледне подлабоко и да ја отвори перспективата за она што политичкото сака да го сокрие, вели Искра Гешоска.

И додека едни критички ја артикулираат политичката реалност, другите се богато наградени од власта за својата послушност.

– Секој си го носи својот јад, секој си ја носи својата одговорност. И би ги повикала тие уметници да се замислат и да размислат за тоа каква трага тие ќе остават во историјата. Сметам дека е крајно неодговорно тоа шт го прават, бидејќи тие уметници што се добро наградени – тие се наградени од бедата, од сиромаштијата на овој народ и на оваа земја. Дали размислуваат дека нивните дела се резултат на нечии солзи, на нечија глад, нечие достоинство и основно право на живот, вели Гешоска.

Според неа, независниот културен сектор иако има голема улога во артикулирањето на борбата за демократизација на општеството, сега е помаргинализиран од кога и да е претходно.

– Независната култура е на работ на исчезнување, токму ако аргументираме од аспект на некакви буџетски формати на опстојување. Освен тоа, политички – овој сектор е бескрајно стигматизиран, провкуван и цензуриран. Тој секаде бил и секогаш бил тој критички глас во однос на социокултурните придвижувања и во однос на политичкото. Тој нуди нови читања на културата, културата не како нешто изолирано, нешто елитно и како нешто што постои само за експертите од областа на културата, туку како нешто што е длабоко политички и општествено вкотвено. Сега просторот на делување на независната култура е украден, вели Гешоска.

Таа е дел од регоналната платформа „Кооператива“ со седиште во Хрватска, која стимулира застапување за политичка релевантност на граѓанскиот и на независниот културен сектор, слично како и „Јадро“ во Македонија

– Неодамна имавме годишно собрание во Загреб и правевме анализа, беше дојдено до заклучок дека од сите земји во некошните југословенски граници, значи Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија, од сите овие земји – Македонија е најниското рамниште. Тоа беше срамно сознание. Поразувачки беше да се види огрмоната дискрепанца, огромната бездна меѓу нас и Хрватска или Словенија, па дури и во Србиј ае подобра ситуацијата. Ние сакаме да направиме застапувачки активности да се промени политичкиот дискурс за независниот сектор, рече Гешоска

Во рамки на активноста на Јадро, при крај и реализацијата на проектот на јавно цивилно партнерство што платфрмата за независна култура го прави заедно со Општина Центар.

Александра Бубевска
Благодарност до кафе клуб „Менада“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

(ВИДЕО) Интервју со Ванковска: Да излеземе од НАТО, а договорите со Грција и Бугарија да се поништат, ако мислиме дека не може, тогаш сите во Вардар

Александар Тодески

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Карлсон: Ме следеа пред разговорот со Путин

Горан Наумовски