ВИДЕО: Еве што го изнервира режисерот Столе Попов

Од:

Режисерот Столе Попов синоќа на црвениот тепих го изнервира прашањето на новинарката на ТВ Орбис која го праша за „одредени контраверзи околу новиот филм“, мислејќи на парите кои продукциската куќа „Триангл“ ги должи на дуќанџиите во Битола и дел од екипата.

-Имаше одредени контраверзи особено сега пред фестивалот, но се надевам дека ќе поминат во најдобар ред, праша новинарката.

-Јас сум режисер на филмот се надевам, знаете што значи тоа. Или научете, одговори Попов.

Инаку вечерва, немаше ништо од најавените протести на дуќанџиите во Битола за време на премиерата на филмот „До балчак“, поради неисплатените услуги за време на снимањето.

Снимањето на филмот „До Балчак, приказни од дивиот исток“, по сценарио на Горан Стефановски, започна во 2012 година, но траеше повеќе од предвиденото и продолжи со снимање уште седум недели, а продукцијата „Триангл“ го надмина буџетот. Тоа е причина што дел од екипата и другите соработници ја тужеа за неисплатени обврски.

„До Балчак“ во моментов важи за најскап филм во македонската кинематографија со буџет од 3,6 милиони евра. Владата ја финансираше продукцијата со 2,5 милиони евра како филм од национален интерес, а Филмски фонд му ја додели максималната сума од 500 илјади евра.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски