Од оџакот, кој за оваа прилика беше поставен на покривот на Сикстинската капела во Ватикан, се појави црн чад, што е знак дека 1,4 милијарди католици во светот не добија нов поглавар.
Black smoke emerges from the Sistine Chapel, meaning no pope has been elected yet.#Vatican #sistinechapel #pope pic.twitter.com/uc4GfWwyDj
— Diamond_Media (@Diamondmedia47) May 7, 2025
Претходно попладнево започна конклавата на која 133 кардинали помлади од 80 години го избираат 267-от поглавар на Римокатоличката црква.
Меѓу фаворитите за нов папа се државниот секретар на Ватикан – Пјетро Паролин, шефот на Италијанската бискупска конференција (ЦЕИ) – Матео Купи од Болоња, Петер Турксон од Гана и Филипинецот Луис Антонио Тагле.
Претходните две конклави, во 2005 и 2013 година, траеја по само два дена.
Папата Франциск беше избран на конклавата во 2013 година по два дена гласање, а почина на 21 април на 89-годишна возраст и беше погребан во римската базилика Санта Марија Маџоре.
Конклавата продолжува утре, а првото гласање се очекува пред пладне. Во случај некој од кардиналите да го добие потребното двотретинско мнозинство гласови, од оџакот на Сикстинската капела ќе се појави бел чад, а ќе бијат и камбаните на базиликата Свети Петар во Рим.