(ВИДЕО) Бројот на загинатите во Магдебург се искачи на пет

Од:

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет, а повеќе од 200 се повредени, од кои многумина сериозно, изјави денеска во Магдебург премиерот на покраината Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф.

„Бројот на загинатите се искачи на пет, а над 200 луѓе се повредени, од кои многу сериозно и тешко“, рече Рајнер Хаселоф.

Демохристијанскиот политичар рече дека билансот на овој напад е „дури поголем од очекуваното. Ова место засекогаш ќе остане во меморијата на градот Магдебург“, рече Хаселоф.

Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во Магдебург и рече дека Германија ќе мора да реагира на овој напад.

„Прво треба да видиме што всушност се случило таму и кои мотиви довеле до тоа и потоа ќе реагираме“, рече Шолц.

Тој додаде дека земјата сега мора „да остане заедно“ и дека омразата не смее да надвладее.

„Нема да ги толерираме оние кои сеат омраза, но ќе им се спротивставиме со сите расположливи средства за владеење на правото“, рече Шолц.

Засега не се познати мотивите на 50-годишниот лекар Талеб Џавад Ал Абдулмохсен, по потекло од Саудиска Арабија, кој го возеше автомобилот кој синоќа влета во божиќниот пазар во Магдебург.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со возило прегази осуммина пешаци – можен терористички напад во Израел

А1он

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка