(ВИДЕО) Брачен пар пазарџии: Тешко се вади лебот на тезга, размислуваме да ја напуштиме државата

Од:

По многубројните неуспешни обиди да најдат работа, 35-годишните сопружници Дашкоски од Драчево пред шест години закупиле три тезги и почнале да продаваат свој зеленчук што сами го произведуваат. Првите две години добро им одело, вели Маја Дашкоска, но кога државата почнала да го затега обрачот со многубројни давачки, како што се закуп за тезга, лиценца, данок, придонеси, за нив едвај останува по една минимална плата. Вели дека со сопругот Игор почнале да размислуваат да го напуштат пазарот и да заминат во странство.

„Имаме своја земја и почнавме да ја обработуваме, а производите ги изнесовме на пазарот на кој закупивме тезги. Не беше лесно, но, едноставно, и двајцата бевме невработени и ова беше решението. Тешко се вади плата, има куп давачки, ќе ги откажеме тезгите, не се издржува. Или ќе бараме работа во некоја фирма или ќе заминеме надвор од државата“, вели оваа млада жена.

Маја по струка е медицинска сестра и пред за излезе да продава на пазарот, работела во приватна ординација за плата од 10.000 денари. Разочарана од деградирачката плата и лошите услови за работа во здравството, ја напуштила работата и се зафтила да обработува земја.

„Замислете, земав плата од 10.000 денари, а имаме обработлива земја на која треба да се плати данок од 9.000 денари. Увидов дека бадијала работам, дека со тие пари не можам да преживеам и му реков на сопругот – ќе ги работиме нивите и ќе продаваме на пазар“, вели оваа млада жена.

Нејзиниот сопруг е крајно револтиран од односот на власта кон земјоделците. Тој вели дека напразно се фалат, а дека потта на земјоделот е потценета. Ги повика пратениците и министрите да излезат на тезга и да видат како се вади лебот на пазар.

„Упатувам јавен повик до Владата, министрите, пратениците – кој било нека дојде овде на моето место, а јас ќе идам на нивното. Дај да се земениме барем еден месец, да видат како се печали овде“, порача сопругот на Маја, Игор.

Брачниот пар Дашкоски е еден од малкуте млади што се занимаваат со оваа професија. Претежно на зелените пазари трговци се повозразни граѓани, кои остнаа на улица по затворањето на фирмите во матната транзиција во 90-тите години.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Експлозија на бомба во Призрен, деветмина повредени

А1он